18.06.2013 Змии и гуштери и им се закануваат на пациентите, персоналот и минувачите додека надлежните не мрднуваат со прст кога е во прашање просторот под улицата „Страшо Ербапче“ во близина на Болницата.
Гледајќи дека нема кој да искоси тревата, дел од жителите деновиве сами се организирале за колку-толку да се заштитат од можната опасност.
Не сакаа да зборуваат пред камера но рекоа дека со косалки успеале да средат мал дел покрај улицата. Но, долу е вистински хорор. Вегетацијата е со поголема висина од онаа на просечен човек. Ризикот е за сите кои поминуваат оттаму, особено жителите од околните куќи кои често го користат овој скратен пат.
На површина и овде излегува несовесноста, така што освен смет, таму се исфрлаат и трупови од умрени животни. Иста е сликата и и од спртивната странаа на мостот, која после долго време минатата година беше искосена, но површината сега повторно е обрасната.
Поради честите врнежи од дожд во изминатиот период и високата влага во почвата, а особено со почетокот на летниот период тревата имаше продолжена вегетација, што придонесе нејзината висина и густина да бидат големи. Доколку не се преземат мерки следните месеци кога ќе настапи сушниот период, состојбата ќе стане уште поалармантна.
Ништо поразлично не е и на други јавни површини. Камерата ја регистираше сликата во близина на спортската сала. Учебната година заврши, но тоа не значи ништо. Напротив, сега кога ученците се послободни откако се на летен распуст, почесто ќе ги користат спортските терени за фудбал и кошарка во дворот на гимназијата „Љупчо Сантов“ и ОУ „Св. Кирил и Методиј“, иако просторот беше замислен како убаво катче за одмор и релаксација, се остана само на идеја. Локацијата се запушти, хигиената е на многу ниско ниво, расфрлани амбалажи од шишиња, храна, лоша миризба, но и густа „шума“. Поради неа практично е невозможно да се помине по патеката за да се скрати патот или пак неколкуте жители во околните куќи да стигнат до своите домови.
Г. Лалов