18.06.2013 Одличен успех забележа кочанскиот велосипедист Сашко Јосифовски на Мавровскиот велосипедски маратон. Турнирот го организираа Општина Маврово-Ростуше, Националниот Парк „Маврово“ и ВСД „Енерџи“.
Јосифовски кој од одинава ги брани боите на скопскиот велосипедски клуб “Енерџи“ во големиот маратон дојде до одличното трето место, во конкуренција од 100 велосипедисти.
- Минатата година го осовив првото место на истиот маратон. Патеката беше тешка, задоволен сум и со овој резултат, рече Сашко Јосифовски, велосипедист.
Уште еден кочански претставник настапи на малиот маратон, што беше помасовен. Во конкуренција на 200 натпреварувачи, Владо Симеонов стигна до солидното 13-то место.
-Ова е мое прво учество на маратон. Задоволен сум од резултатот, рече Владо Симеонов, велосипедист.
На Мавровскиот велисипедски маратонт годинава учествуваа 300 домашни и странски натпреварувачи во машка и женска конкуренција.
Г. Лалов