09.12.2013 Учениците и наставниците од ОУ „Свети Климент Охридски“ од Облешево со свечена академија што се одржа во спортската сала на училиштето го одбележаа својот патрон. Свеченоста започна со игра, песна и со македонската химна во изведба на хорот на училиштето.
Пред присутните зборуваше директорот Стојан Атанасов кој рече дека уште многу ќе се работи и инвестира во училиштето за подобрување на амбиентот во него.
Во организирањето и подготовката на свечената академија учествуваа сите ученици и наставници.
Т. Велкова
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}