12.12.2013 Меѓусебна расправија меѓу две лица од Оризари околу 2 часот по полноќ завршила со тепачка во која едно од нив е потешко повредено. Кавгата започнала неколку часови претходно додека учесниците во инцидентот заедно со уште неколку други лица седеле во кафеана во близина на фудбалското игралиште во населбата.
Откако завршило работното време на објектот лицата излегле надвор и ја продолжиле расправијата со меѓусебни навреди, закани и туркања.
Во еден момент во мешаницата што настанала едно од лицата извадило нож и му задало удар во пределот на градите на 28-годишниот Т.Д.
Дел од лицата во групата што биле во близина притрчале да му помогнат и веднаш побарале лекарска помош. Со возило повредениот бил однесен во кочанската болница, каде биле констатирана убодна рана и сериозни повреди на градниот кош, поради што е префрлен на лекување во болницата во Штип.
Полициска екипа извршила увид на местото на настанот и по преземени мерки едно лице, за кое постои сомнение дека учествувало во тепачката и користело нож, е повикано на распит во Полициската станица во Кочани.
По целосното расчистување на случајот од Полицијата велат дела ќе биде поднесена соодветна пријава.
Т. Ајтовски
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}