20.12.2013 19-годишните Б.Ј и Т.И., 20-годишниот Б.З. и 21-годишниот Ѓ.Б. заработија кривични пријави од Полициската станица – Кочани.
Против нив полицијата имала основано сомневање дека се сторители на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Пријава е поднесена и против 19-годишниот М.С. од Кочани затоа што овозможил употреба на наркотични дроги.
Во мај годинава, Ѓ.Б. од непознато лице од Скопје набавил марихуана што ја донел во Кочани и од истата му дал две пакувања на Б.З. да ги продаде.
На 20-ти истиот месец, Б.З. за паричен надомест од 1.000 денари му ги продал двете пакувања на Т.И., а тој пак, за сума од 500 денари, преку Б.Ј. дел од дрогата му продал на М.С. Следниот ден, М.С. му овозможил на лице од Кочани да користи дрога, а по извршен преглед над лицето се одземени 0,69 грама мешавина од марихуана и тутун.
Пријавите се поднесени до основното јавно обвинителство и се очекува натамошна судска разврска.
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}