Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

uprava19.06.2013 Кој го има правото над клубот, незаконските трансфери во „Осогово 2013“ и плановите за во најблиска иднина беа теми на средбата на претседателот на ФК „Осогово“ Крсте Крстев со дел од фудбалерите, сејмените и медиумите на стадионот „Никола Мантов“.

- Kонечно се стави крај на оваа сапуница што трае неколку месеци. Мислам дека со чисти сметки можеме да го стабилизираме и надградуваме ФК „Осогово“ -рече Крсте Крстев, претседател на клубот.

Во очи на прославата на 90- годишнината од постоењето идната година, на „Осогово“ му претстојат значајни цели и предизвици, стабилизирање на клубот, купување нови играчи за подигнување на квалитетот и конкурентноста и правење нов обид за влез во втората фудбалска лига.

-Значи почнуваме од утре, бидејќи времето не гази, имаме активности во регистрација на фудбалери, консолидирање на управен одбор. Ќе контактираме со сите фудбалери што се дел од ФК „Осогово“ за да видиме со што располагаме и потоа да се насочиме кон новите засилувања за Осогово да се бори за првото место како што му доликува, а не само за преживување - вели Крстев.

Финансиска помош и придонес во другите аспекти од функционирањето даде Драгослав Здравков, кој рече дека оние што лани многу ветувале, не направиле ништо. Поддршка на „проектот“ на ФК„Осогово“ стигна и од присутните на трибината, фудбалерите и навивачката група „Сејмени“.

Г. Лалов

Сподели

sejmeniosogovo3

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 54 гости и нема членови


web counter



qr code