25.12.2013 Симеон Михаилов, кој вчера во судскиот процес „Детонатор“ беше осуден на доживотен затвор поради обидот за убиство на кочанецот Драганчо Стоименов, се наоѓа во притвор во Италија, информира akademik.mk. Македонските власти чекаат на негова есктрадиција, потврдиле од Министерството за правда.
Од македонското Министерство за правда за Академик велат дека барањето за неговата ескстрадија до властите во Италија е пратено уште во август оваа година.
Исто така, нашето министерство се уште нема добиено одговор од италијанското Министерство за правда во однос на постапката за екстрадиција.
Mихаилов вчера беше осуден во судскиот процес „Детонатор“ на доживотен затвор поради обидот за убиство на кочанчанецот Дрганчо Стоименов. Тој доби уште две затворски казни, 4 години за злосторничко здружување и уште 3 години за насилство.
Во прв степен тој е виновен како член на злосторничка група што се занимавала со криминални дејствија во Источна Македонија.
Казна доживотен затвор вчера доби и Сашко Стојчевски, кој исто така е во бегство.
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.