Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

plostad10.01.2014 Потпишани договорите за изградба на плоштад во село Зрновци. Истиот ќе се наоѓа на улица „Генерал Апостолски“.

Неговиот главен дел ќе биде изграден со терацо и бехатон плочки. Планирано е да биде направена фонтана со постамент за статуа.

Ќе биде добро осветлен со лед светилки и карактеристични детали, челични држачи за велосипеди, клупи за седење, челични преградни столбови, канти за отпадоци, жардинјера за цвеќе. Техничката документација ја изготви проектантската куќа „Астрекс“ од Скопје.

Изведувач на градежните активности е фирмата „Стоименов“.

-Очекувам наредните денови да започнеме со градежните активности за изградба на плоштадот во Зрновци. Конечно Зрновци ќе добие плоштад и со негова изградба ќе добиеме убаво уреден простор што во иднина ќе можеме да го користиме за организирање јавни манифестации како и за секојдневни среќавања и одморање на граѓаните на Зрновци , истакна Блаже Станков, градоначалник на Општина Зрновци.

Проектот за изградба на плоштад чини 5 милиони и 400 илјади денари. Потпишан договорот и за изградба на втората фаза од фекалната канализација во село Видовиште.

-Со изградбата на фекалната канализација во село Видовиште далеку ќе се подобри квалитетот на живеење на жителите на Видовиште и ќе можат и останатите граѓани да бидат приклучени, додаде Станков.

Проектот за изградбата на фекална канализација во Видовиште чини 6 милиони денари . Средствата и за двата споменати проекти се добиени преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Градежните активности ќе започнат во понеделник. Се очекува плоштадот за пет месеци да биде готов.

Т. Велкова

Сподели

©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

  |700|525|0{/youtube}

plostad2 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

2°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 75%
Ветер: East при 6 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
Петок3°C/14°C
Сабота4°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 97 гости и нема членови


web counter



qr code