24.01.2014 Сања Лефкова, Емил Арсов, Зоран Милорадовски, Бојан Андов, Павле Зашев, Петар Малинов, Ангела Савева, Марина Блажева и други кочански пејачи и групи заедно со кочанци кои ја преполнија салата и организаторот Тоше Илиев исполнуваа песни од Тоше Проески за една единствена цел.
Финансиски да му помогнат на малиот Петар Николов на кој му се потребни средства за операција во Италија. На огромно задоволство на сите, а најмногу на организаторот Илиев, кочанци го положија тестот за хуманост. Салата беше исполнета до последно место.
-Секоја чест на моите драги сограѓани кои по втор пат годинава ја покажаа хуманоста на дело што ја носат длабоко во себе.
Со донирање на мала сума на пари направија огромен гест да се соберат средства кои ќе им бидат од голема помош на фамилијата Николови поточно на малиот Петар Николов, рече Тоше Илиев, организатор на концертот.
Тоше Илиев апелот за помош на малиот Петар го видел на интернет по што веднаш дошол до идеја да му помогне. Стапил во контакт со таткото на Петар и му ја кажал идејата дека сака да организира концерт за неговиот син. И кочанските пејачи и групи со задоволство прифатија да бидат хумани, а со истата пракса ќе продолжат и понатаму .
-Се чувствуваме доста хумано дека правиме нешто добро за некој друг да биде среќен, рече Павле Зашев, учесник на концертот.
-Се надеваме дека со нашето учество и со појавување на сцената ќе ја поттикнеме свеста кај народот за зголемување на хуманоста и тие да помагаат на начин на кој што можат. Ние помагаме со пеење, а другите кој со што може, важно е да се биде хуман, рече Славица Стојанова, учесник на концертот.
Хуманитарниот концерт „По патеките на Тоше“ прерасна во традиција. Организаторот Тоше Илиев со овој концерт и со изведбата на песни само од Проески го одбележа роденденот на неговиот спасител Тоше Проески кој кога беше жив пееше за помош на младиот Илиев.
Т. Велкова
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}