27.01.2014 Адил Мехмет доби исклучително признание-најдобар каратист на Македонија во својата возрасна категорија. Пресудни за овој успех беа неколкуте извонредни меѓународни резултати што ги оствари во минатата 2013.
-На изборот што се одржа во ресторанот Томче Софка во Скопје во конкуренција на сите каратисти кадети во Република Македонија ја зазедов највисоката позиција и станав најдобар каратист за 2013 година. За да дојдам до овој успех постигнав неколку последователни резултати како третото место на Балканското првенство во Крагуевац, Србија, второто место на Медитеранското првенство во Никозија во Кипар и петтото место на Европското првенство во Херцег Нови во Црна Гора, рече Адил Мехмед, каратист.
Мехмед паралелно се подготвува за настапот на Европското првенство во португалската метропола Лисабон. Последните две години ги брани боите на државниот шампион „Металург“ од Скопје.
Г.Лалов
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}