24.06.2013 Во повеќе градови низ земјава, полицијата спроведува голема акција против шверц со цигари.
До сега во акцијата се уапсени 19 лица, две во Кочани по шест во Скопје и Струмица, три во Берово, и по еден во Тетово и Делчево. Меѓу уапсените има и еден полицаец вработен од граничната полиција, а три лица се уште се во бегство.
Неофицијалните информации гласат дека кривична пријава се подготвува за 20 лица, меѓу кои се наоѓа и еден бугарски државјанин.
Првичните сознанија велат дека групата од 2010-тата година внесувала илегално цигари од Албанија и Косово и ги складирала во складишта во Скопје како и во импровизирани магацини во близина на македонско-бугарската граница.
Според неофицијалните информации, кај дел од осомничените е пронајдена и марихуана, цигари како и пакети со енергетски пијалок „Ред бул“, за кои се смета дека се внесени нелегално од Косово.
Повеќе детали за акцијата од МВР најавија за следниот ден.
Г. Лалов