14.02.2014 Во село Бели свечено беше отворена винаријата „Тинг“. Станува збор за современа винарија каде се вградени најновите технолошки достигнувања во винопроизводството и каде со дополнителни иновации ќе се креираат вина со уникатен карактер и вкус.
Производството на винаријата „Тинг“ ќе се базира на грозје од лозови насади од овој крај, но ќе се откупува и од регионот.
Градена е по најсовремени стандарди за квалитет, како и органска заштита на грозјето.
Сопственикот Славе Јорданов вели дека долги години стрпливо се градела винаријата.
За почеток ќе биде со капацитет да се произведува 100 тона вино годишно. Винаријата, како што вели Јорданов, ја изградиле за да се докаже дека и во овој крај може да се произведува квалитетно вино и ракија и да се обработува лозје.
Исто така регионот климатски одговара за одгледување на лозје и токму тоа било пресудно да се одлучи да изгради нова винарија.
Во првите години ќе се произведува до 500 илјади литри вино годишно за во иднина да се произведува милион литри вино годишно како што е проектирана самата винарија.
-Содржината на винаријата ќе биде малку проширена затоа што винскиот туризам во светот зазема значајно место во туризмот воопшто. Целта ни е да направиме и еден комплекс од спа центар, соби за спиење, ресторани, ловни клубови и коњички клуб каде ќе можат гостите кои се љубители на јавање на коњи да уживаат. Гостите кои ќе дојдат еднаш да посакаат повторно да дојдат, рече Славе Јорданов, сопственик на винаријата „Тинг“.
Условите за производство на вино се добри, земјиштето е откупено од страна на сопственикот. Патот до винаријата е асфалтиран , има струја и водоснабдување. На свеченото отворање присуствуваа голем број гости и пријатели на сопственикот, како и градоначалниците на Кочани, Чешиново – Облешево, Пробиштип и на Македонска Каменица.
Т. Велкова
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}