01.03.2014 Телото на 35-годишна жена е забележано во коритото на Кочанска Река во петокот околу 17 часот. Очевидци виделе дека во водата на реката, на одалеченост од околу 2 километри од браната “Гратче“ се наоѓа човечки труп и веднаш ја известиле полицијата.
На местото на настанот излегле увидна полициска и противпожарна екипа која го извлекла телото на жената. Кај неа немало никакви документи за идентификација, па нејзиниот идентитет oстанал непознат.
По преземената истражна постапка откриено е дека се работи за Николина А. од Кочани, за која неофицијално се дознава дека имала психичко нарушено здравје.
Првичниот наод покажал дека на врз почината немало видливи траги на насилство, а телото се наоѓало во водата неколку часа. Заради констатирање на причините за смртта врз починатата ќе биде направена обдукција, по што се очекува надлежните да излезат со повеќе информации.
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}