07.03.2014 Сообраќајна незгода се случи претпладнево на крстосницата на улиците „Теодосија Паунов“ и „Индустриска“. Во незгодата учествуваа такси возило и „фолксваген“ караван.
Причината е непочитување на правилото за првенство на минување. Повредени нема, а причинета е материјална штета. Полицијата изврши увид на местото на настанот. Сообраќајна незгода се случи и претходниот ден во близина на м.в Косовка, при што исто така беше причинета поголема материјална штета. Незгодата се случи на „Штипски пат“ на крстосницата со ул. „Павлина Велјанова“.
Учествуваа две возила, “опел корса“ и “ситроен“ караван. За среќа немаше повредени.
Неофицијална причина за незгодата е лизгавиот коловоз, поради што се препорачува до возачите да бидат особено внимателни додека управуваат со возилата поради состојбата на патиштата предизвикана од врнежите од дожд, кои по викендот ќе преминат во врнежи од снег.
Г.Лалов
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.