10.03.2014 Продавниците преполни со луѓе кои купуваа подароци за понежниот пол, цвеќарите кои цела година го чекаат празникот на жената се офајдија деновиве.
Ги продадоа веќе подготвените и украсени цвеќиња и икебани.
Не помалку од нив заработија и рестораните. За прослава на празникот беа исполнети до последното место за што требаше да се закаже неколку дена порано. Канал 8 ја долови атмосферата во некои од рестораните во градот.
-Благородно е да се работи со жени. Тие заслужуваат многу повеќе од една обична прослава за празникот. Жената треба да се почитува 365 дена во годината, рече Ненад Василев, вработен во „Делта Холдинг“.
-Прославите за празникот се добредојдени за нас жените, но вакви собири треба да имаме почесто, рече Наталија Ѓорѓиева, вработена во „Делта Холдинг“.
Не помалку можат да се пофалат и туристичките агенции на кои аранжманите за празникот за патување надвор од државата им беа исполнети неколку месеци порано. Жените честопати знаат да кажат дека им недостасуваат финансии за да го поминат месецот, но кога станува збор за славење на нивниот празник, не се штеди. Треба да се прослави оти жената го заслужува тоа, коментираа припадничките на понежниот пол.
Т. Велкова
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}