16.03.2014 33-годишниот Ристе А. од Кочани починал на лице место рано изутрината по удар од автомобил што се движел со огромна брзина.
Несреќата се случила околу 3,30 часот на улицата “Бел камен“ на влезот од градот. Во моментот кога момчето се враќало од забава, на него налетал автомобил “опел астра“ управуван од 29-годишниот Б.С. од Кочани.
Очевидци рекоа дека возилото се движело со повеќе од 100 километри на час и по ударот несреќното момче било влечено уште триесетина метри. На местото на настанот забележливи беа долги траги од кочење и крв, а лицата кои притрчале да помогнат можеле само да ја констатираат смртта.
Увидот што го направила полициска екипа од крим-техника треба да го даде одговорот како дошло до несреќата.
Жители на улицата рекоа дека ова не е прв ваков случај, затоа што овде се возело многу брзо, за што ќе апелираат одговорните да постават т.н. лежечки полицајци.
T. Aјтовски
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}