08.04.2014 Полициската станица - Радовиш поднесе кривична пријава против правното лице „Томи-Мит Јака Тобако“ од Радовиш, за сторено кривично дело „измама“, како и против 62-годишниот С.М. од Скопје, сопственик и управител на правното лице, за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против 52-годишната К.Т. од Кочани, вработена во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од 9 до 21 јануари годинава, С.М. во својство на откупувач довел во заблуда дека ќе откупи 975.870 килограми тутун и склучил договори со 2.024 тутунопроизводители од општините Радовиш, Конче, Струмица, Василево и Штип.
При тоа тој откупил само 310.000 килограми тутун во вредност од над 49.833.000 денари кои не ги исплатил во договорениот рок согласно обврските.
Иако правното лице не ги исполнувало условите и имало забрана за вршење на откуп на тутун, пријавената К.Т. пречекорувајќи ги границите на своето службено овластување, врз основа на Записник од инспекциски надзор ја повлекла забраната за откуп, со што му овозможила да се стекне со значителна имотна корист.
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}