09.04.2014 Роднините и соселаните на Зоран Савев од Зрновци се собраа на мирен протест пред Апелациониот суд во Штип со барање да се обнови судскиот процес против него. Тие сметаат дека тој неправедно е обвинет за кривично дело силување, затоа што такво нешто воопшто не сторил.
Во текот на судската постапка биле прекршени основните човекови права, односно било водено нестручно вештачење на случајот, а немало ни соодветни сведоци, заради што луѓето кои протестираа рекоа дека се сомневаат во судските одлуки.
- Нашето сознание за дадениот наод и мислење од страна на Бирото за вештачење од стручно лице невропсихијатар, во кој наод се изнесува дека лицето со болест, дијагностицирана кај, во овој случај оштетеното лице, е склоно кон фантазирање, односно изнесување случки што воопшто не се случиле.
Исто така, од дадените изјави од граѓаните на село Зрновци за оштетената личност јасно се гледа дека тие добро ја познавале и за неа формирале мислење дека се работи за нестабилна личност, склона кон лажење и изнесување невистини, односно постапки што не се случиле, рече претставничка од Иницијативниот одбор за собирање потписи за поддршка на Зоран Савев.
Соселаните на Савев велат дека не е направено судско вештачење од референтна институција, ниту пак во текот на судењето се слушнало мислењето на сведоци.
- Предлагани се повеќе сведоци, на ниту еден сведок не му е овозможено да даде исказ, односно соочување со оштетената. Заради тоа тука се собрани сите луѓе, сите се разочарани, цело Зрновци тагува за него, затоа што е чесен и искрен човек, Димитар Савев, брат на осудениот Зоран Савев.
Според адвокатот на Савев, нарушено е неговото основно право да може да се брани.
- Доколку повнимателно ја погледнеме Европската конвенција за човекови слободи и права, поточно во член 6, став 1, точка г, јасно е наведено дека едно од основните човекови слободи и права е правото на одбрана. Значи, секој има право да бара да се спроведуваат докази, да се соочуваат сведоци, како од Обвинителството, така и од одбраната, рече Благој Јованов, адвокат.
И соселаните на Савев рекоа не веруваат дека тој бил сторител на некакво кривично дело, а уште помалку на силување.
- Познавајќи ги луѓето кои го обвинуваат и познавајќи го него како обвинет, мислиме дека тоа не би имало шанси да се случи....Зоран Савев беше претседавач на Советот во Општина Зрновци, значи почитуван од луѓето и ценет човек, без трошка да има сомнение за некакво дело, недело, рекоа жители на Зрновци.
Членовите на Иницијативниот одбор за собирање потписи за давање поддршка на Зоран Савев очекуваат дека нивното барање ќе биде прифатено и Апелациониот суд ќе донесе решение за повтотрување на судската постапка против него. На тој начин тој ќе можел да ја докаже својата невиност и ќе ја отфрлел неправдата што му е нанесена.
Т. Ајтовски
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}