09.04.2014 „По неколку дена од почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори политичките партии веќе излегоа со своите предизборни ветувања каде што младите се вклучени во голем процент.
ВМРО-Народна партија ја потсетува јавноста дека изминативе пет години единствени активности што ги превземаат младите е да се организираат како побрзо да ја напуштат државата за подобар живот, разделувајќи се од своите најблиски.
Не треба да се занемаруваат фактите дека во 2013 година од Источна Македонија е најмногу присутно иселувањето на млади луѓе.
Младите како составен дел од секое движечко општество мораат да бидат вклучени во суштинските процеси кои се од голема важност за нив.
Затоа ВМРО-Народна партија со својата политичка платформа за овие парламентарни избори им гарантира на младите дека со влезот во ЕУ и НАТО ќе го промени трендот на иселување и младите активно ќе бидат вклучени во сите општествени процеси“, рече Ивана Динова, Секретар на ОК на ВМРО-НП Кочани.
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}