15.04.2014 Компанија од Кочани се јавила како единствен понудувач на електронската аукција за продажба на имотот на фабриката “Руен ИТ“. Министерот Владимир Пешевски на прес конференција информираше дека за стечајниот имот била понудена сума од 1,5 милион евра, што била и највисока и најприфатлива понуда.
Името на заинтерсираниот купувач се уште официјално не се соопштува поради одредени формалности и консултации со судот.
Сепак, во текот на денот во јавноста можеше да се слушне дека се работи за позната фирма што се занимава со металопреработувачка дејност.
Во кратката телефонска информација што Канал 8 ја доби од стечјниот управник Велин Митевски, тој рече дека за 30 април е закажана седница на Собранието на доверители на “Руен ИТ“ на која ќе треба да се реши дали понудата на кочанскиот понудувач ќе биде прифатена.
Продажбата на кочанската фабрика претходно беше прилагодена според најновите измени во Законот за стечај, односно имотот се продаваше со електронско јавно наддавање, без почетна цена. Електронската аукција што се одржала во Скопје била од затворен карактер, односнио на неа не можеле да присуствуваат претставникот на поранешните вработени во “Руен“, како и прретседателот на гранскиот синдикат Пеце Ристески.
Позитивните сигнали дека фабриката што беше во стечај конечно ќе проработи доаѓаат цела една година по донесувањето на одлуката за нејзина продажба.
Иако се уште е рано да се добијат црвсти потврди, сепак има извеси сознанија дека производниот процес би можел да продолжи со користење на сегашната опрема што остана во објектите на “Руен“.
Т. Ајтовски
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}