07.05.2014 Повреди на нога, скршеници на скочен зглоб е билансот од сообраќајната несреќа што утрово се случи на улицата „Маршал Тито“, кај Крушарски мост.
Имено, 18 годишната С. К. од Кочани движејќи се по улицата во правец кон Трговскиот центар со скутер удрила во автомобил што доаѓал од споредната улица.
Одбивајќи се од тој автомобил удрила во уште еден што се движел по „Маршал Тито“. Според кажување на очевидци, од ударот девојчето летнало од скутерот. Заштитната кацига која девојчето ја носело спречило посериозни повреди на главата.
Според лекарите од Итна во кочанскиот здравствен дом С.К. е донесена во свесна и контактибилна состојба, но поради скршениците на левата нога однесена е на хируршкото одделение на кочанската Општа болница.
Според д-р Љупчо Ѓорѓиев, ортопедски хирург, девојчето се наоѓа во стабилна состојба, но поради сериозноста на повредите на ногата поточно поради скршениците на двете коски на скочниот зглоб препратена е на ортопедската клиника во Штип. Други посериозни повреди нема, додава д-р Ѓорѓиев.
Кочанската полицијата направи увид на местото на сообраќајната незгода и допрва ќе се утврдуваат деталите околу нејзино настанување.
Т. Велкова
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}