09.07.2013 51-годишниот П.В. oд Кочани останал без 6.200 евра, верувајќи дека негов познаник од Штип, кој пријавил адреса на живеење во Скопје, ќе му помогне околу вработувањерто на ќерката.
Без да насети дека се работи за измама, кочанецот пријавил дека на 19 јуни годинава, лицето Б.Н. го довело во заблуда лажно прикажувајќи му факти.
Всушност штипјанецот се претставил како еден од директорите на мобилниот оператор ВИП, ветувајќи дека ќе му заврши работа неговата ќерка да замине на шестмесечна специјализација во Америка. По завршувањето на школувањето тој требало да посредува таа да се вработи во Владата на Република Македонија како дипломат за односи со јавноста.
Исто така, го довел во заблуда дека пред одењето за Америка, преку негови блиски пријатели ќе среди таа да добие оригинал дипломи за завршен курс по англиски јазик и при тоа му побарал и го навел да му ја даде сумата од 6.200 евра, што оштетениот и го сторил.
Веднаш по откривањето на измамата П.В. го пријавил слулајот во полиција, а измамникот бил уапсен и против него е поднесена кривична пријава.
Покрај кочанецот, штипјанецот Б.Н. измамил уште тројца македонски државјани, при што од сите четворица успеал да одземе над 40 илјади евра.
Т. Ајтовски