22.05.2014 Општина Зрновци е 27 - мата општина што ја посети автобусот на ЕУ како дел од кампањата што посетува села и градови низ цела Македонија.
Делегацијата од ЕУ и амбасадорот на Р. Бугарија Иван Петров го посетија училиштето „Синиша Стоилов“ каде што учениците и присутните имаа можност да се запознаат со ЕУ како таа функционира , кои се нејзините вредности, како и за финансиската помош што ја нуди ЕУ.
-Ние ја претставуваме ЕУ, односно ЕУ автобусот ги посетува руралните средини со цел граѓаните одблизу да се информираат за ЕУ. Најголем впечаток мене ми остава радоста и подготвеноста на граѓаните да станат дел од ЕУ и ние тоа го поддржуваме.
Бугарија веќе седум години е дел од ЕУ и ние имаме сериозно искуство и сме подготвени тоа искуство да го споделиме со Р. Македонија, рече Иван Петров, амбасадор на Р. Бугарија.
Пред присутните освен бугарскиот амбасадор зборуваше и градоначалникот на Општина Зрновци Блаже Станков.
-Со тоа што граѓаните ќе бидат запознаени за начинот на користење на Европските фондови како што е ИПА програмата, јас очекувам дека земјоделците ќе можат во иднина да аплицираат и да го развијат земјоделството. Ние во овој момент имплементираме еден заеднички проект за меѓу гранична соработка со Р. Бугарија односно Општина Белица и се однесува на обновливи извори на енергија. Станува збор за проект вреден 97 илјади евра кој треба да заврши во ноември, рече Блаже Станков, градоначалник на Општина Зрновци.
Граѓаните добија брошури за тоа како функционира ЕУ , а во паркот учениците од ОУ „Синиша Стоилов“ ги презентираа европските држави.
-Ние ја претставуваме Англија и на нашиот штанд го имаме зелениот чајот со млеко што го пијат таму, англиски колачи, а тука е и кралското семејство како и народната носија на Шкотска, Кети Манасијева, ученичка во ОУ „Синиша Стоилов“ .
-Ние ја претставуваме државата Италија. На нашиот штанд имаме италијанска храна, италијански знаменитости, познати луѓе и фудбалски клубови, рече Александар Андонов, ученик во ОУ „Синиша Стоилов“ .
Делегацијата од ЕУ на учениците од Синиша Стоилов им доделија фудбалски топки, а учениците ги почестија со пеење на македонската химна.
Т. Велкова
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}