29.05.2014 Кочанец е под сомнение дека продавал фалсификуван ориз. Поднесена е кривична пријава против него од страна на полициската станица. Станува збор за В.С.(40) од Кочани, заради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела „повреда права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „измама на купувачи“.
Пријавениот, во февруари 2014 година, во работните простории на фирмата „Бело Злато Аграр“ од с. Спанчево во негова сопственост, со неовластена употреба на обележја на фирмата „БМФ“ од с. Зрновци извршил пакување на бел ориз во амбалажа од по 900 грама кој според карактеристиките, содржината, видот и потеклото не одговараат на податоците на амбалажата во кој бил спакуван оризот.
Исто така, на 01.03.2014 година, 300 пакувања од оризот ги продал преку маркетот во Тетово.
Г.Лалов
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}