14.08.2014 Три месеци по започнувањето на градежните работи веќе се наѕираат контурите на новиот експресен пат што Источна Македонија ќе ја поврзува со Велес, а оттаму со остатокот од државата.
Вкупната должина на коловозот што се реконструира изнесува 23 километри, а во моментот интензивно се работи на една од делниците во близина на селото Сарамзалино.
Од Владата која се јавува како инвеститор ветуваат дека изградбата ќе заврши во предвидениот рок, а увид како течат градежните работи направи министерот за транспорт и врски Млиле Јанакиески, во придружба директорт на ЈП за Државни патишта Љупчо Георгиевски и неколкумина градоначалници од општинитте во регионот.
- Во моментов се врши реконструкција и проширување на овој пат, во моментот се наоѓаме на втората делница, инаку целиот проект опфаќа инвестиција од 15 милиони евра во должина од 23 километри. Конкретната делница е во должина од 9 километри и инвестиција од 6,5 милиони евра. Сакам да истакнам дека согласно нашата програма и согласно инвестициите што се одвиваат во моментот, патната инфраструктура во Источна Македонија добива нов лик. Покрај овој пат од Велес до Штип, каде што имаме проширување до 11 метри, значи ќе има три коловозни ленти. Овој пат е стар 50-тина години и ова беше едно од главните барања на граѓаните на овие општини, рече Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.
Министерот рече дека истовремено продолжува и изградбата на автопатското поврзување од Миладиновци до Штип, а догодина ќе стартува уште едно сообраќајно решение до Кочани.
- Покрај овие два автопатишта во моментов заедно со Јавното претпријатие за државни патишта работиме на проектирање на уште еден нов, многу значаен пат, тоа е од Штип до Кочани што очекуваме да започне со градба кон крајот на идната година. Значи, во фаза сме на проектирање и обезбедување средства, но исто така и за уште еден пат кој е делод нашата програма, тоа е патот од Штип до Струмица, односно Радовиш, исто така експресен пат што треба да започне некаде кон крајот на 2017 година, додаде Јанакиески.
Се очекува до крајот на оваа година на новиот експресен пат меѓу Велес и Штип да се постави носечкиот слој на асфалт, додека финалното асфалтирање и комплетирање на коловозот ќе продолжи наредната година.
Т. Ајтовски
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}