01.09.2014 Со стартот на новата учебната година нови 325 ученици во кочанските пет основни училишта седнаа во училишните клупи. Повозрасните ученици за нив приредија приредба и им посакаа добредојде.
На првиот училиштен ден првачињата ги поздрави градоначалникот Димитровски како и директорите на училиштата.
- Ние имаме денеска еден симболичен чекор на прагот на училиштето за преку 320 нови ученици. Со денешното формално пречекорување на прагот влегуваат во еден сосема поинаков живот, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.
- Ве поздравувам од името на сите вработени и ви посакувам топло добредојде во нашето училиште и многу успех што ќе ве следи сите овие години кои се пред вас, истакна Весна Зашева, директор на ОУ „Св. Кирил и Методиј“.
- Ќе ја искористам приликата од сите вработени во ОУ „Малина Попиванова“ на првачињата на им посакам добредојде во воспитно – образовниот процес. Денеска преку мала свеченост го одбележавме уписот на првачињата кај нас се 70. Наставниците кои што ги прифаќаат учениците деновиве вложија голем напор сите да се чувствуваат безбедно и сигурно во двете специјално адаптирани училници за првачињата, рече Ивица Цимбаљевиќ, директор на ОУ „Малина Попиванова“.
Инаку, учебната година стартуваше и за 3.002 ученици во петте основни и 1.720 ученици во средните училишта. Годинава во кочанските средни и основни училишта ќе учат околу 4.700 ученици.
Првачињата видно возбудени на првиот училиштен ден дојдоа со своите родители. Секоја од наставничките ги прифати новите ученици кои допрва запливуваат во водите на образованието.
Т. Велкова
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}