04.09.2014 Водостопанство “Брегалница“ од Кочани, како и останатите претпријатија во државата што се занимаваат со истата дејност од догодина ќе престанат да постојат. Наместо нив ќе се формира ново акционерско друштво што ќе ја извршува дејностa, но ќе работи на ниво на држава.
Досегашните водостопански претпријатија ќе бидат трансформирани во негови подружници.
Таква новина е соопштена од страна на Владата после неколкумесечни испитувања и консултации околу ефикасноста и рентабилноста од работењето на правните субјекти што се грижеа за водоснабдување на земјоделските површини.
- Она што е цел со формирањето на акционерско друштво за водостопанство на Република Македонија е сериозно да се подобри степенот на давање услуги кон самите земјоделци, да се обезбеди стручен кадар кој ќе биде постулат, односно основа врз која ќе се реализираат инвестициски циклуси, стручни лица кои ќе знаат како да ги ползуваат овие обемни средества што Владата на Републиак Македонија ќе ги инвестира во оваа област со цел да се задоволат најквалитетно потребите на земјоделците, рече Александар Ѓорѓиев, порптарол на Влдата на Република Македонија.
Според Ѓорѓиев, Владата веќе објавила дека согласно формулираната стратегија за водостопанство се планира обемен и амбициозен инвестициски циклус на полето на водостопанството, во висина од најмалку 20 милиони евра годишно. Парите би се искористиле за модернизација и развој, што најефективно и продуктивно би можело да се реализира преку едно централизирано оперативно тело.
- Ние веруваме и очекуваме дека со оваа наша одлука ќе обезбедиме можности за инвестиции во сферата на водостопанството, ќе обезбедиме вработувања на лица во водостопанскиот сектор, сгтручни лица кои ќе бидат носители на сите овие процеси на модернизација и реформи во овој сектор, се со цел обезбедување подобри услови и подобри можности за земјоделците како предуслов за подобра дејност од нивна страна и производство на храна, што се разбира е интерес на целокупното ннаселение во Република Македонија, додава Ѓорѓиев.
Согласно проценките на Бирото за судски вештања било утврдено дека постојат 3 групи на водостопанства, категоризирани согласно нивната продуктивност и тоа водостопанства кои остваруваат позитивни резултати и работат со добивка. Такви се водостопанствата во Скопје, Битола, Прилеп и Радовиш, во втората група се водостопанства кои остваруваат добивка, но кои треба да преземат активности за подобрување на наплатата, каде се водстопанските претпријатија од Куманово, Кочани, Кавадарци и Струмица и во третата група се водостопанства кои покажуваат послаби резултати, а во која се Берово, Гостивар, Гевгелија и Ресен.
Новоформираното акционерско друштво за водостопанство би имало една централа лоцирана во Скопје, а останатите 12 водостопански претпријатија во Македонија ќе прераснат во оперативни единици, односно подружници.
T. Ajтовски
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}