14.02.2013 Волонтерите на клуб на млади од ОО на „Црвен Крст“ од Кочани денешниот празник „Св. Валентин“ го прославија со активности кои се за поздравување. Изработија разни мечиња, срциња, украси и честитки и ги продаваа по симболична цена. Собраните средства ќе бидат наменети за помош на загрозено семејство.
-Денеска спроведуваме мала активност за да го одбележиме денешниот ден „Св. Валентин„. Направивме разни срциња, честитки, мечиња и ги продаваме. Парите ќе бидат наменети во хуманитарни цели, рече Александар Панов, лидер на клуб на млади во ОО на „Црвен Крст“ Кочани.
Кочанци ја покажаа својата хуманост. Купуваа од изработките на активистите и затоа акцијата беше успешна.
Двата штанда кои беа поставени во трговскиот центар, едниот од 12 до 14 часот и другиот од 17 до 20 за кратко време се испразнија и сите изработени предмети беа продадени. Волонтерите на клубот на млади на ОО на „Црвениот Крст“ од Кочани секоја година на ваков начин помагаат на загрозени семејства што им се потребна финансиска помош.
Т. Велкова