15.09.2014 Преку креативни работилници, програма 5 плус, преку програми за развој на вештини и способности во едукативниот центар „Кликер“ децата се учат на стекнување на најслободната форма на самоизразување, концентрација, изучување на англиски јазик.
Преку Абакус концептот на децата им се овозможува тренинг на мозокот, развивање на својата имагинација. Со техники детето учи постојано да размислува, да презема одговорности за секојдневните случувања.
Преку креативните игри и работилници ја подигаат и развиваат творечката моќ, го збогатуваат детскиот вокабулар, ја подобруваат моториката, моќта за самоизразување, организација. Сега „Кликер“ воведува нови содржини.
- Бидејќи ланската година почнавме со дневниот престој и познатата „Бреин-о-бреин“ програма и курс по македонски јазик, од оваа година бидејќи во училиштата почнаа со „Кембрич“ програмата и ние вметнавме курс што ќе ја следи наставната програма во училиштата и курс по македонски и англиски јазик. За време на викендите ќе дојде до израз креативноста на децата преку вметнување на ликовната уметност, рече Благица Пендевска, Едукативен центар„ Кликер“ .
За развивање на ликовната уметност со децата работи стручно лице професор Надица Стоилкова, а со останатите професори по одделенска настава. „Кликер“ нуди и целодневна одделенска програма за деца од 6 до 11 години.
Мотото и целта на овој едукативен центар е дека генијалноста лежи во секое дете, само треба да се разбуди. Одговорните во „Кликер“ најавија и вметнување нови содржини во иднина.
Т. Велкова
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}