29.09.2014 Во сообраќајна несреќа меѓу патничко возило “голф“ и комбе “форд“ што во неделата околу 7 часот се случи на патниот правец Штип – Велес потешко повредени се две лица од Штип и од Соколарци.
И двајцата се возачи на возилата, при што 23-годишниот штипјанец В.М управувал со “голфот“, додека 32-годишниот Б.Н. од Соколарци го возел комбето.
Во меѓусебниот судир била причинета поголема материјална штета кај возилата, а возачот на „голфот“ се здобил со тешки телесни повреди и поради нивната сериозност бил префрлен на лекување во Скопје. Возачот на комбето пак, кој исто така се здобил со тешки телесни повреди е задржан на болничко лекување во штипската Клиничка болница.
Во комбето имало уште двајца сопатници од кои едниот малолетник, но за разлика од возачот тие се здобиле со лесни телесни повреди и се пуштени на домашно лекување. Извршениот полициски увид треба да даде одговор за причините поради кои дошло до сообраќајната несреќа.
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}