31.10.2014 “Етно вешта жена“ за прв пат ќе се организира и во Кочани. Жените од Кочани и населените места кои сами се пријавуваат за да ја покажат својата хуманост, подготвуваат разни кулинарски специјалитети кои се изложени на свечено украсена трпеза и се на продажба.
Собраните средства од продажбата на влезниците и на специјалитетите ќе бидат наменети за децата со посебни потреби.
- Средствата што ќе ги собереме од картите и од продажбата на специјалитетите ќе ги доделиме на децата со посебни потреби во ОУ „Малина Попиванова“.
Ги замолувам сите кои сакаат да донираат да се пријават и да учествуваат, а со тоа ќе ја покажат хуманоста, рече Марија Мишева, координатор.
Организаторите од Кочани се оптимисти дека манифестацијата ќе помине одлично и добро ќе биде прифатена од страна на луѓето. Досега има доста заинтересирани за учество и донации, а пријавувањето трае и понатаму.
Во манифестацијата може да учествуваат и други жени кои имаат желба да подготват специјалитети и со тоа да ја покажат хуманоста. Манифестацијата ќе биде организирана во етно стил, со подготовка на традиционални јадења и специјалитети. Ќе се одржи на 15 ноември во хотелot „Национал“ во 18 часот. Цената на влезницата е 300 денари.
Т. Велкова