03.11.2014 16-годишниот В. С. од Виница заработи кривична пријава од полицијата за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“.
Неговото нелегално однесување било забележано од најблсиките во семејството поради што тие одлучиле да преземат законски мерки за санкција.
На 16 септември годинава, во полициската станица во Виница дошол Т.С. заедно со неговиот син В.С. и на полициските службеници им предал наркотична дрога, што ја пронашол и одзел од неговиот син.
Исто така, на негово барање бил извршен претрес во неговиот дом, каде се пронајдени и одземени 12 семки „канабис сатива“.
По извршено вештачење на донесената дрога е утврдено дека се работи за 75 грама наракотична дрога марихуана.