Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pat ponikva30.12.2014  Тешко прооден е патниот правец кон Пониква. Отежнати се обидите на механизацијата на кочанската подружница на “Македонија пат“ да го исчисти коловозот поради силниот ветер што создава наноси од снег.

Неколку минути по чистењето, снегот повторно се враќа на асфалтот и на места се создаваат високи нансои, што тешко ги минуваат и теренски возила.

Од АМСМ издадоа официјално известување според кое оваа делница, заедно со уште неколку во државатa, се затворени за сообраќај. Поради тоа во текот на денешниот ден и за утре претпладне не е препорачливо тргнување кон зимскиот центар со патничко возило, посебно не без користење зимска опрема.

Дополнителен проблем се и ниските температури во изминатите 24 часа, поради што снегот на коловозот е подмрзнат и движењето со возила е ризично. Неофицијално синоќа на Пониква била измерена температура околу 20-от степен под нулата.

Отежнатата проодност на патниот правец ги оневозможи и посетителите кои планираа изминатите два дена да ги поминат на планина. Со оглед што за дочекот на Нова Година има најавени гости во угостителските објекти, како и за престој во викенд куќите, се очекува во текот на утрешниот ден патниот правец да биде оспособен.

Засега не се најавуваат нови врнежи од снег, а дебелината на постојната снежна покривка е над 25 сантиметри.

Т. Ајтовски

Share

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 82 гости и нема членови


web counter



qr code