31.05.2013 Само 1/4 од возилата во општината се возат на кочански регистарски таблички - информираат од Здружението на возачи. Тоа се околу 2800 возила од регистрираните вкупно 10.500 возила. Малиот процент веројатно се должи на фактот што нивната замена не е задолжителна, а чини нешто помалку од 2000 денари, за нови таблички и сообраќајна дозвола, што за многумина претставува непотребно изложување на дополнителен трошок. Во Кочани нема интерес за т.н. фраерски таблички.
Минатата година свои регистарски таблички освен Кочани добија и Гевгелија, Кавадарци, Кичево, Крива Паланка, Радовиш и Струга, а од поголемите места без сопствени таблички останаа Ресен, Дебар, Делчево, Кратово, Свети Николе.
Нови таблички се издаваат и при прва регистрација на возило и при замена на изгубена регистарска табличка.
Таблички со нов лик не се ставаат само на автомобилите и камионите, туку и на тракторите, мопедите, мотоциклите, трициклите, приклучните возила, но и работните машини, мотокултиваторите и езерските пловила.
На предниот дел од возилото на табличката може да има ознака или име по избор на сопственикот, а на задната е стандардна. Табличките како што е познато не се трајни како порано, туку се менуваат на седум години.
Г. Лалов