Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Postojki27.02.2015  И по повеќе од една година од воведувањето на јавниот градски превоз во Кочани, повеќето од автобуските постојки, освен сообраќаен знак, немаат придружна инфраструктура за патниците. Без натстрешници, клупи, корпи за отпадоци, без возен ред и со слични недостатоци, постојките не одговараат на потребите на современо организиран превоз.

Освен неколкуте црвено-жолти постојки поставени на влезот и на излезот на градот и во некои од населените места, останатите или се во очајна состојба или воопшто како и да ги нема.

Поради тоа патниците се принудени да чекаат на отворено, стоејќи подолго време додека ги чекаат автобусите.

Ваквата лоша состојба беше посочена и на последната седница на Советот на Општината, со конкретен пример за што треба да се интервенира.

- Имаме интервенција од група граѓани, меѓутоа тие не се од Кочани, а се однесува на автобуската постојка во Стришани. Малку фигуративно, хумористично, дека на една бандера има три камења и истата служи како постојка за автобусите. Барам под итно, доколку сме во можност, да биде санирано бидејќи со тоа малку го оцрнуваме ликот на нашиот град, рече Лилјана Арсова, член на Советот на Општина Кочани.

На ова укажување градоначалникот димитровски излезе со став оти состојбата со споменатата постојка не е таква или пак се работи за нелегално поставен објект.

- Постојката во Стришани не е со три камена и апелирам тоа да го кажете на нашите служби. Не е во ред да се кажува дека е на три камена, затоа што сепак Кочани има унифицирани постојки и на тие постојки има возни редови. Таа е најверојатно некоја дива или самите таксисти ја направиле за себе или нешто друго е направено. Уште денеска ќе реагираме, ќе го испратиме нашето одговорно лице, сообраќајниот инспектор, кој ќе направи увид на лице место и, ајде да не речам, сто посто сум убеден дека не е така, ама ќе изврши увид и ќе го провериме, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

На повеќе локации во градот од пред десетина и повеќе години се поставени автобуски постојки како инвестиција на Општината или како донација од фирми. Обично тие се на места што граѓаните сами, според потребата, уште од поодамна ги определиле за оваа намена, па уште тогаш Локалната самоуправа им излегла в пресрет.

За жал, состојбата во која дел од нив се наоѓаат сега, пред се поради дотраеноста на материјалот, но и поради несовесноста на одделни сограѓани, не ја овозможува нивната основна намена. Поради тоа неопходно е нивно реконструирање, а на местата каде што недостасуваат потребо е да се постават натстрешници за да може јавниот превоз да се реализира според современите стандарди.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 380 гости и нема членови


web counter



qr code