Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Crkva trkanje14.04.2015  Присуството на поголем број верници во црквите за време на велигденското празнување не беше пречка за крадците повторно да се впуштат во ограбување на верските објекти. Надежите дека токму поради празникот во нив ќе има повеќе пари, бил главниот мотив за сторителите да ограбат две цркви во селските населби во Кочанско.

Во неделата попладне во Полициската станица - Кочани било пријавено дека непознат сторител извршил тешка кражба во црквата ,,Св. Никола“ лоцирана во селото Тркање.

Со употреба на соодветен алат сторителот делувал во пределот на бравата на влезната врата по што успеал насилно да ја отвори.

Откако влегол внатре, почнал да претура низ објектот, при што од иконостасот одзел две каси во кои имало метални пари, по што го напуштил местото на настанот. Подоцна било утврдено дека е причинета материјална штета од околу 10.000 денари.

Жителите на Тркање не забележале ништо сомнително на денот на кражбата, а за настанот дознале дури попладнето.

- Внимание не им обративме, а после разбравме дека црквата е ограбена, пари земано. И кај една жена горе, со катанец било заклучено, ама разбиено, бакарни котлиња имала, земени се... Кажаа, сабјле во 7 часот, само што си отишле од црквата околу 5-6 часот, тие во 7 веднаш ограбиле. А ние не сме чуле, оти е празник, си седиш дома, иако тука живееме. Кои биле, како биле, на комшијата му зеле торбата, на комшиката исто, погоре на другата комшика, не знам, рекоа жители на Тркање.

Слична кражба како во Тркање се случила истиот ден, но пред полноќ во црквата “Св. Спас“ во селото Бели. Со примена на истата тактика крадецот успеал да ја отвори влезната врата и откако влегол внатре веднаш се упатил кон иконостасот во потрага по пари. Сепак овде “уловот“ бил нешто помал, односно тој успеал да украде 1.500 денари, а грабежот бил регистриран следното утро.

Засега нема сознанија дали се работи за ист крадец кој ги извршил грабежите во двете цркви. Од Полицијата информираат дека сe преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 45 гости и нема членови


web counter



qr code