Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Peticija srednoskolci122321.04.2015  Успешно се реализира петицијата со која се собираат потписи за поддршка на барањата на средношколците против реформите во образованието.

Тоа значи дека тие се разбудија и го кренаа гласот против лошите реформи и против новите закони што од ден во ден се менуваат, вели Иван Коцев, претседател на младинската организација при СОУ “Љупчо Сантов“.

Според него, средношколците нема да дозволат да бидат третирани како експериментални глувци во носењето на новите закони и во секојдневното нивно менување. Потврда за тоа е токму успешната петиција, вели Коцев.

- Во нашата борба, потенцирам, против реформите во образованието, за само два дена се собрани 650 потписи од учениците и од граѓаните кои недвосмислено ни ја даваат поддршката. Не застануваме овде. Ќе бидеме истрајни до крај во нашата битка за нашите права. Тоа ви го гарантирам и во тоа ве уверувам. Нашите потписи во текот на утрешниот ден ќе бидат испратени до Министерството за образование и наука, а во четвртоок ќе дадеме и јавна поддршка на третиот протест на Средношколскиот пленум во Скопје, рече Иван Коцев, претседател на младинската организација при СОУ “Љупчо Сантов“.

Коцев ја пренесе реакцијата на младинската организација од СОУ „Љупчо Сантов“ поради погрешното информирање на јавноста во Кочани за целта на собирањето на потписите и ставовите на учениците во врска со новите законски одредби.

- Ја користам приликата во името на Младинската организација целосно да го демантирам вчерашниот прилог на ТВ Кочани во вчерашниот Дневник. Во прилогот во однос на нашите активности беа изнесени груби манипулации и невистини. Тоа ние ќе го аргументираме. Велите се собирале потписи ЗА поддршка на реформите во образованието. Тоа ни дава до знаење дека и покрај сите наши активности, вие се уште не знаете за што се бориме. Не сакаме да прејудициравме која е причината поради која ја пренесовте и информацијатадека „се собрани само 50 потписи“. Не, собрани се 650. Не ни е јасна и причината поради која вашата ТВ Кочани не ги проследи сите наши протести. Почитувани граѓани, мојот говор во вчерашнииот прилог во Дневникот на Телевизија Кочани беше исечен и нецелосно пренесен со што се пренесе погрешна слика во јавноста. Како јавно гласило имате обврска целосно и точно да ги пренесувате нашите говори во согласност со новинарските принципи да ја информирате јавноста. Вие тоа во вчерашниот прилог не го направивте и нашата Младинска организација целосно се оградува од истиот. Затоа бараме од Вас, во целост да го објавите нашиот демант во денешните информативни изданија. Во спротивно ќе сметаме дека ТВ Кочани нема намера да ги пренесува активностите и инфорнмациите што ги дава Младинската организација на СОУ “Љупчо Сантов“, додава Коцев.

Собирањето на потписите за поддршка на барањата на средношколците успешно се реализираше и на вториот ден од планираниот рок. Вчера учениците излегоа во Трговскиот центар и за неколку часа собраа близу двеста потписи од граѓаните.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 41 гости и нема членови


web counter



qr code