27.04.2015 Патрониот празник и 58-годишнината од постоењето ја одбележа ОУ “Никола Карев“ од Кочани. Тоа беше повод во петокот да се одржи пригодна свеченост во Центарот за култура, на која со своја програма настапија учениците од уличиштето.
На присутните им се обрати директоорт на училиштето Владо Андов, кој направи краток осврт за постигнатите успеси и мисијата на образовната установа.
- Оваа година ја одбележуваме 58-годишнината од постоењето на училиштето низ кое поминаа генерации ученици и овде ги стекнаа првите сознанија за светот и 110 години од смртта на Никола Карев.
Нашата мисла со која одиме е љубовта, нашето средство со кое осознаваме е учењето, а нашата цел кон која се стремиме е успехот. Токму тој успех го гледаме веќе 58 години низ ангажирана работа на наставно-воспитниот кадар и учениците. Во нашето училиште секојдневно се случуваат позитивни промени во наставно-воспитниот процес, рече Владо Андов, директор на ОУ “Никола Карев“ - Кочани.
На свеченоста по повод патрониот празник присуствуваа и гостите од збратименото училиште “Ловќенски партизански одред“ од црногорскиот град Цетиње. Нивни ученици беа вклучени во програмата, во која заедно со нивните домаќини од Кочани беа изведени повеќе музичко-сценски точки.
Т. Ајтовски