29.04.2015 Од општинската организација на СДСМ - Кочани со писмен допис испратен до локалните медиуми реагираа на наводите што градоначалникот Ратко Димитровски ги изнесе на прес конференцијата.
Во реакцијата на СДСМ се вели:
- Од што се исплашија градоначалникот Ратко Димитровски и ВМРО-ДПМНЕ во Кочани? Вистината за Македонија излезе на виделина.
На граѓаните на Кочани им е јасно што правела во Македонија изминативе 9 години ненародната, криминална и узурпаторска власт на Никола Груевски и неколкумина негови соработници.
Доказите коишто ги обелоденува СДСМ докажуваат системско и незаконско прислушување на над 20 илјади граѓани во Република Македонија, целосна контрола и злоупотреба на државните институции и правосудните инстанци во партиски и изборни цели, злоупотреби и груби нарушувања во изборниот процес, селектираната и партиски диригирана правда, погазена држава, нечовечки и сурови пресметки со судбини на граѓани.
Ниту градоначалникот Димитровски ниту Никола Груевски и тесната група околу него можат да ја спречат Вистината за Македонија, се вели во писмената реакција од ОО на СДСМ - Кочани по повод прес-конференцијата на градоначалникот Димитровски.