07.05.2015 Учениците од основните училишта можат да ги погледнат прашањата што ќе ги одговараат за време на одржување на екстерното тестирање.
Истите се објавени на веб страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk каде се истакнати вкупно се 445 илјади и 700 прашања на јазиците застапени во Македонија.
За наставен предмет кој што е застапен со еден час неделно се генерирани 100 прашања, за предмет со два часа неделно 200 прашања и за предмет со три часа неделно 300 прашања.
- Ова известување е заради тоа што учениците и наставниот кадар можат на веб страницата да ги разгледаат прашањата и за секое воочување на одреден недостаток преку испраќање е- маил да може да биде разгледано од страна на Државниот испитен центар и ако се прифати да може навреме да се реагира или исправи, рече Ивица Цимбаљевиќ, директор на ОУ „Малина Попиванова“ .
Инаку, овој месец и првачињата ќе треба да се запишат на училиште за иднината година.
-За наредната 2015/2016 година очекуваме да запишеме околу 70 првачиња, со тоа што треба да бидат точни навреме да се јават во училиштето на веќе доставените покани. Документи кои што се потребни за упис на прваче се до крајот на календарската година да има наполнето 6 години, извод од матичната книга на родените, потврда за примени вакцини, потврда од стоматолог и лични карти на родителите, односно старателите, рече Ивана Симијонова, педагог во ОУ „Малина Попиванова“.
Инаку, прашањата за екстерно на веб страницата ќе бидат објавени до 14 мај.
Т. Велкова