03.06.2013 47.975 е вкупниот број на пополнети работни места во регион. Работната сила во источниот дел од земјава е мобилна, особено меѓу соседните градови. Голем број кочанци работат во Штип. Таму водат сите патишта од помалите градови во Источна Македонија, а новиот градоначалник Илчо Захариев прогнозираше дека овој град дополнително ќе ја јакне својата позиција на регионален центар.
Мал дел од кочанската работна сила работи во Виница, виничани работат во Кочани. На сите невработени на Истокот кои се уште се водат во евиденцијата на Агенцијата за вработување, во моментов им стојат на располагање 485 слободни места. Можат да се пополнат согласно личните квалификации, партиските и пријателски врски.
И покрај тоа што стапката на невработеност е најголема, стапката на слободни работни места а само малку над државниот просек.
Најголема вработеност, пак, има скопскиот регион.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот - градежништво и изнесува 2.50%, додека најмала е стапката во секторот - дејности во врска со недвижен имот како и- снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што стапката изнесува 0.29%.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1.29%.
Југоисточниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.03%.
Најголем број на слободни работни места во Кочани, регионот и државата има во групата на занимања - работници во услужни дејности и продажба.
Г. Лалов