23.06.2015 Полицијата открила организирана група во која биле стечаен управник, лиценцирани вешти лица, управители на фирми и сметководители од Кочани, Штип, Делчево, Радовиш и Кратово кои со незаконски постапки го оштетиле буџетот на државата во висина од над 12,5 милиони денари.
Против сите нив се поднесени кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластувањата и за фалсификување исправа, односно незаконско постапување при стечајни и ликвидациони постапки кај девет фирми од Кочани и други градови од регионот.
Првоосомничен е 65-годишниот Б.М од Кочани како стечаен управник, а освен него на списокот на СВР – Штип се уште тројца вешти лица од Кочани ангажирани во стечајните и ликвидационите постапки, како и управители и раководители на фирмите, како и сметководители во истите, а чие место на живеење е во Штип, Радовиш и Кратово.
- Со противзаконски дејствија пријавените избегнувајќи го плаќањето на обврските спрема Буџетот на Република Македонија по различни основи, како и плаќањето спрема останатите доверители во наведените девет правни субјекти, сокриле имот во вкупна вредност од околу 36 милиони денари за кои не пресметале, не пријавиле и не платиле јавни давачки вовкупен износ од 8 милиони и 726 илјади денари. Со вака сокриениот имот, а врз основа на реализирани стечајни постапки и ликвидации на наведените правни субјекти избегнато е плаќање на претходно утврдени обврски по различни основи, како што се даноци и глоби спрема државата во износ од 4 милиони и 83 илјади денари или севкупно, нанесена е штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 12 милиони 804 илјади и 280 денари, рече Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.
Осомничените лица организирале ликвидација и бришење од Трговскиот регистар и од Централен регистар на Република Макеоднија на правните субјекти. Со фалсификувана финансиско книговодствена документација, биле изготвени извештаи за материјално финансиската состојба на должниците што ги доставиле до Основниот суд - Кочани, со констатација дека не поседуваат имот со кој може да се покријат трошоците на стечајната постапка и да сеобештетат доверителите.
Вештитите лица пак со непостапување согласно професионалните стандарди и правила изготвиле вештачења само врз основа на фалсификуваната книговодствена документација добиена од првопријавениот, во кои констатирале дека друштвата немаат имот со кој би се покриле трошоците на постапката за стечај. Со тоа му помогнале на првопријавениот да ја реализира намерата за затворање на стечајните постапки по принципот отвори-заклучи, стои во известувањето од МВР.
Т. Ајтовски
©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}