20.08.2015 Првиот маркет на “Тинекс“ во Кочани беше отворен оваа недела на улицата „Борис Трајковски“ број 2, во центарот на градот.
Новиот маркет на “Тинекс“ во Кочани веќе отвори нови 15 работни места, а во него можат да се купат повеќе од 7.000 производи.
Наплатата се врши на три каси, а за потрошувачите е обезбеден и посебен паркинг простор, кој се наоѓа непосредно до маркетот.
Маркетот е со површина од 417 метри квадратни, а во овој него покрај редовната понуда, може да се најде и голем избор на свежо овошје и зеленчук, готвени специјалитети од Домашната кујна на “Тинекс“, леб и други пекарски производи, како и свежо и квалитетно месо.