01.12.2015 По неодамнешниот избор на прв човек на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, нов претседател доби и младинската организација на партијата.
Со одлука на Извршниот комитет на Унијата на млади сили од неодамна за нејзин нов претседател е избран Кирил Георгиев.
На прес-конференција тој ги претстави своите ставови за задачата што ја презема, што според него не е привилегија, туку одговорност, бидејќи ја претставува најголемата и најуспешната политичка партија во Република Македонија.
- Овде сакам да нагласам дека нам како млади луѓе, посебна должност ни е да ја градиме демкратијата, толеранцијата и меѓусебното разбирање, бидејќи сметам дека така ќе го подигнеме моралот и ќе постигнеме просперитет со кој ќе ги подобриме условите во општеството во кое живееме. Овде сме да си помагаме едни на други, без разлика на националост и вера, бидејќи сметам дека за сите има место во ова општество во кое што живееме. Мојата цел како новоизбран претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ е актовно вклучување на секој поединец кои изразил подготвеност да се активира во структурите на Унијата на млади сили. УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да биде расадник на креативни идеи и ќе продолжи дфа работи за подобрување на условите за живот на младите луѓе во опшштеството во кое живееме, рече Кирил Ѓоргиев, претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ – Кочани.
Ѓоргиев додаде дека ќе се залага за интересите на младите луѓе и ќе ги застапува со цел тие да бидат поактивни во своето дејствување. На претседателската функција на УМС тој го наследи својот претходник Дарко Стојчевски, кој ја надмина возрасната граница за членување во младинската организација на ВМРО-ДПМНЕ.
T. Ајтовски