24.12.2015 Пријателите и познаниците на 21-годишната Наталија Колева започнаа акција за собирање финансиски средства потребни за нејзиното лекување во Италија.
Кон крајот на октомври годинава таа како сопатничка беше тешко повредена во сообраќајна несреќа кога моторцикл удри во трактор на регионалниот патен правец Кочани – Зрновци. Од ударот Колева се здоби со тешки телесни повреди по што беше префрлена во Клиничкиот центар во Скопје и оттогаш до денес се наоѓа во кома.
Заради продолжување на лекувањето во Италија, каде таа има и жителство, неопходни се 15 илјади евра. Парите се потребни за нејзиното транспортирање кое бара посебен третман поради состојбата во која таа се наоѓа.
Граѓанската иницијатива започна преку социјалните мрежи, при што освен пријателите и познаниците во Кочани и Македонија, во неа се вклучија и луѓето кои се наоѓаат на привремена или постојана работа во Италија. За сите хумани граѓани од Кочани и околината кои сакаат да донираат средства за помош на Наталија Колева, тоа можат да го сторат на трансакциска сметка број 210 501 687 006 880 - Тутунска банка, Италија: IT23 W060 8547 5900 0000 0030 237 SWIFT/BIC CASIRT22
Иницијаторите на акцијата повикуваат за итна помош затоа што секој ден е драгоцен за подобрување на нејзината здравствена состојба.
T. Aјтовски