04.06.2013 Одиграно последното, 6-то коло во училишната кошаркарска лига во машка и женска конкуренција. Кај момчињата постигнати се два резултата: ООУ„Св. Кирил и Методиј“ – ООУ „Никола Карев“ 44: 43; ООУ „Малина Попиванова“ – ООУ „Раде Кратовче“ 61:35.
Севкупен победник е екипата на ООУ „Св. Кирил и Методиј“.
Кај девојчињата:
ООУ „Малина Попиванова“ - ООУ„Никола Карев“ 40:02, додека ООУ „Св. Кирил и Методиј“ убедливо ја совлада екипата на ООУ„Раде Кратовче“.
Поради истиот број бодови ООУ„Малина Попиванова“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ за првото место ќе одлучуваат преку мајсторка, што ќе се игра в среда во 12.00 часот.
Доделувањето на наградите за најдобрите во машка и женска конкуренција е закажано за в четврток.
Г. Лалов