28.03.2016 72-годишната Стоица П. од селото Теранци викендов починала како последица од тешките телесни повреди откако претходно во неа удрил воз.
Според известувањето од МВР, викендов било регистрирано дека на делот од пругата помеѓу железничка станица „Ѓорче Петров“, во правец кон железничка станица „Скопје-Север“, поточно на самиот мост на реката Лепенец, патнички воз кој сообраќал на релација Кичево - Скопје удрил во жената.
Притоа од здобиените повреди таа починала на самото место.
Веднаш по ударот возот бил запрен, а за настанот биле известени надлежните полициски и судски органи.
Од страна на увидна екипа од СВР Скопје бил извршен увид на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.
Во моментот се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат познати околностите во кои се случил трагичниот настан.