Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pink floyd macedonia04.04.2016  Деветчлената група “Пинк Флојд Проект Македонија“ од Кочани успеа само делумно да ја реализира замислата за настап пред публиката која ужива во музиката што тие ја свират.

Викендов одржаа концерт во Младинскиот културен центар во Скопје, иако долго време се подготвуваа тоа да го направат на Споменикот на слободата во Кочани.

Со оглед што овој објект со години е оставен без електрична енергија, тие пред една година започнаа кампања за собирање пари за да се постави потребната инсталација и таму да се организираат музички настани како пред повеќе децении.

- Направивме он-лајн кампања преку која собиравме финансии и собравме недоволни финансии за да не бидеме ни блиску до сумата која што ни треба за да го направиме проектот на Споменикот, односно да ставиме струја и да направиме концерт. Решивме од тие пари што ги собравмне, да не отидат така неискористени или да ги разделиме меѓу нас, решивме да направиме концерт во Младинскиот културен центар во Скопје кој беше сега оваа сабота која што помина, рече Влатко Јосифов, член на “Пинк Флојд Проект Македонија“.

Членовите на групата се задоволни од својот настап во Скопје, но и од бројот на посетителите кои дошле на концертот, со оглед што тие свират специфичен вид музика, а за концертот не организирале голема рекламна кампања.

- Отприлика одколу 250-300 луѓе присуствуваа на концертот, што е добро за наши услови, затоа што знаеме дека ако беше турбо-фолк, ќе имаше многу повеќе. Но, и вака е добро, пак има некаква андерграунд сцена во Македонија, има луѓе и млади доста, и моја генерација, и постари, така што функционира се уште тоа, додава Јосифов.

Јосифов вели дека веќе имале повеќе понуди да настапат во ноќни клубови и слични објекти од помал капацитет, но со оглед што “Пинк Флојд Проект Македонија“ не е замислен да функционира на принцип “на тезга“ ги одбиле поканите за гостување.

Во план е групата да продолжи со настапите, за што веќе се размислувало одржување концерти во Белград и Софија, што сепак ќе зависи од договорот што ќе се постигне со тамошните организатори.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 42 гости и нема членови


web counter



qr code