Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

fudbal stars natprevar06.04.2016  Во натпреварите од 14-тото коло на младинската фудбалска лига - североисточен регион екипите на “Фудбал старс“ од Кочани забележаа двоен успех. На игралиштето во Чешиново, како домаќини тие се сретнаа со своите врсници од екипата на “Премиер“ од Крива Паланка и победија во двата натпревари.

Првата средба се играше во категоријата помлади пионери, во која нашите момчиња немаа многу тешка задача, со оглед што гостите се последнопласирани на табелата, па лесно успеваа да го загрозат успеаа да го загрозат нивниот гол.

На крајот натпрeварот заврши со победа на “Фудбал старс“ од 3:1, со што екипата сега има 37 бода и останува на второто место, со два бода зад лидерот “Њу старс“ од Скопје.

Според тренерот на кочанските пионери, има и објективни причини што екипата која долго беше на врвот им го препушти првото место на скопјани.

- Ние сме на делба на првото место со нашиот конкурент “Њу старс“ од Скопје, натпреварот таму го загубивме и затоa сега сме на второ место. Имаме двајца повредени играчи, тешко повредени и не можат да настапат за првиот состав, така што без нив играчкиот кадар ни е намален, без нив тешко ќе биде, но понатаму не се откажуваме, ќе одиме на победа на секој натпревар и да можеме повторно да бидеме на првото место, рече Симеон Митев, тренер на “Фудбал старс“ – Кочани

Пионерската екипа на “Фудбал старс“ исто така забележа победа против “Премиер“ од Крива Паланка, при што гостите беа совладани уште поубедливо со резултат 6:3. И покрај успехот, нашите момчиња остануваат на претпоследното место на табелата со освоени само 8 бода.

Во рамки на општинската фудбалска лига во младинска категорија, “Фудбал старс“ како домаќин се сретна со екипата на “Чешиново“ при што ги поделија бодовите играјќи нерешено, 2:2.

Во детската лига пак, се играа натпревари со екипата на “Кочани“ при што генерацијата родени 2003 победи со 5:2, генерацијата 2004 со 6:0, а генерацијата 2005 ги совлада своте противници со 3:0.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 49 гости и нема членови


web counter



qr code