Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kocani protestira218.04.2016  Продолжуваат протестите против одлуката на претседателот Иванов за помилување на 50-ина лица, пред се политички фунцкионери.

Откако на протестите во Скопје се придружија и жителите од другите градови во државата, сличен протест се организира и во Кочани. Според информациите, неколку граѓански здруженија веќе постигнале меѓусебен договор и се организирале преку социјалните мрежи за изразување на своето незадоволство од одлуката.

Се најавува дека собирот на граѓаните ќе се одржи во Паркот на Револуцијата, во вторник со почеток од 18 часот. Веќе била постигната согласност за начинот на кој ќе бидат организирани протестите со намера истите да поминат мирно и без инциденти.

Освен вклучените четири граѓански здруженија кои се во улога на активноста, свое приклучување најавиле уште две здруженија, кои во вторник ќе го потпишат постигнатиот договор.

Според најавите, од протестот ќе биде упатен повик до претседателот на државата да ја повлече одлуката за помилување на политичарите осомничени за криминал, а собирите на граѓаните ќе продолжат и во наредните денови.

T. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 43 гости и нема членови


web counter



qr code